недела, 15 март 2026

Бајден: Цврсто веруваме дека Русија одлучила да изврши инвазија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Денес разговарав со трансатлантските сојузници и партнери за јакнењето на руската војска во Украина и околу неа. се сложивме околу нашата поддршка на Украина, да ги продолжиме дипломатските напори и да ја потврдиме нашата спремност да ѝ наметнеме висока цена на Русија, доколку се одлучи на понатамошен конфликт“, се наведува во твитот.

Бајден ѝ се обрати на нацијата и кажа дека нема логика Украина да е таа која врши напади во Донбас и дека се сомнева дека тоа би го направила во момент кога 150.000 руски трупи „чекаат пред нивната врата“.

Истакна дека има причина да верува дека руските сили ќе го нападнат Киев.

Бајден кажа дека Русија, ако продолжи со своите планови, ќе биде одговорна за загрозување територија.

„Нема да испраќаме трупи да се борат во Украина, но ќе продолжиме да го поддржуваме народот на Украина“, кажа Бајден.

Повтори дека Русија ќе се соочи со сериозни санкции ако тргне на Украина, но додаде дека Русија и понатаму има простор дипломатски да го реши проблемот, односно дека има избор.

Наведе дека САД и понатаму цврсто веруваат дека Русија одлучила да изврши инвазија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ