Тој порача дека нема да испрати војници за спас на Американците кои бегаат од земјата доколку Русија нападне.
Бајден за Ен-би-си њуз изјави дека работите би можеле брзо да излезат од контрола, пренесува Ројтерс.
Американскиот Стејт департмент претходно ги повика Американците во Украина веднаш да ја напуштат земјата поради, како што тврдат, „зголемени закани од руска воена акција“.
„Не патувајте во Украина поради зголемените закани од руска воена акција и ковид-19“, се вели во советодавните упатства на Стејт департментот.
Се наведува и дека Американците кои се во Украина треба веднаш да ја напуштат земјата по комерцијален пат или во сопствена режија, пренесува Ројтерс.
Русија во повеќе наврати негираше дека планира да ја нападне Украина, но поради натрупувањето на повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница, некои западни земји, вклучително и САД, тврдат дека може да ја нападне Украина во било кој момент.






