понеделник, 8 декември 2025

Азербејџан и Ерменија на „Трамповиот пат“

Лидерите на Ерменија и Азербејџан потпишаа трилатерален договор во Белата куќа во петокот вечерта, со кој на САД им се дава ексклузивна контрола врз стратешкиот коридор низ Јужен Кавказ, наречен „Трампов пат за меѓународен мир и просперитет“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп исто така потпиша одделни договори со ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. Тие опфаќаат енергетика, технологија, економска соработка, безбедност на границите, инфраструктура и трговија, изјави портпаролката на Белата куќа, Ана Кели.

„Ова не се однесува само на Ерменија и Азербејџан, туку на целиот регион, кој знае дека ќе има поголема безбедност и просперитет со претседателот Трамп“, изјави неименуван американски функционер за Ројтерс.

Договорот е постигнат за време на серија посети на американски претставници во регионот и е основа за „целосна нормализација“ на односите меѓу двете земји, вели Вашингтон.

Американски функционери изјавија за Ројтерс дека новиот коридор ќе обезбеди економски можности за двете земји, како и за американски инвеститори, во однос на протокот на енергенти и други суровини.

„Трамповиот пат не е добротворна организација, туку ентитет за големи инвестиции“, рече анонимен функционер, додавајќи дека најмалку девет корпорации изразиле интерес за изнајмување на коридорот, три од нив од САД.

Ерменија планира да им додели на САД ексклузивни права на коридорот за подолг број години. Се очекува Трамп наскоро да именува преговарачки тим за да ги разработи сите детали, а комерцијалните преговори се очекува да започнат веќе следната недела.

Никој во Вашингтон не сакаше да коментира како новиот договор се справува со прашањето на Нагорно-Карабах, односно со барањето на Баку Ереван да го промени уставот кој повикува на обединување на Ерменија со тогашниот автономен регион од 1989 година.

Азербејџан насилно воспостави целосна контрола врз Карабах во 2023 година, а околу 100.000 преостанати Ерменци се преселија во Ерменија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ