четврток, 11 декември 2025

Австрискиот канцелар: Да се одржи ветувањето за пристапување на Западниот Балкан во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Истовремено, од суштинско значење е сите држави од Западниот Балкан, амбициозно да напредуваат и да ги забрзаат реформите, без кои процесот на придружување нема да добие замав, кажа Нехамер за виенски Курир.

Според него, за развој на регионот, покрај економските реформи, од големо значење се и реформите на владеење на правото.

„Затоа ми е драго што Западниот Балкан е приоритет на француското претседателство со ЕУ. Во процесот на пристапување повторно е потребна позитивна динамика“, истакна австрискиот канцелар.

Тој порача и дека статус кво не е опција за решавање на прашањето со Косово, туку дека тоа е трајна и одржлива нормализација на односите.

„Специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак ја има нашата целосна поддршка. За напредок во процесот на придружување неопходен е понатамошен напредок во дијалогот на Белград и Приштина. Затоа е важно да се врати динамиката во овие преговори“, заклучи Нехамер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ