среда, 1 април 2026

Австралискиот премиер ѝ се обрати на нацијата: „Нè очекуваат тешки месеци“ (ВИДЕО)

Австралискиот премиер Антони Албанис предупреди дека наредните месеци би можеле да бидат тешки поради енергетската криза предизвикана од војната на Блискиот Исток.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Месеците што претстојат можеби нема да бидат лесни. Сакам тоа отворено да го кажам. Ниту една влада не може да вети дека ќе ги отстрани притисоците што ги предизвикува оваа војна“, рече тој во ретко обраќање до нацијата.

Тој додаде дека владата ќе стори сè што може за да ги ублажи последиците. „Можам да ветам дека ќе сториме сè што можеме за да ја заштитиме Австралија од најлошите последици“, рече Албанис.

Премиерот ги повика граѓаните да не купуваат гориво панично и да користат јавен превоз наместо автомобили секогаш кога е можно.

„Ако одите на патување, не земајте повеќе гориво отколку што ви треба – наполнете гориво како што би полнеле нормално. Мислете на другите во вашата заедница, особено во руралните области и во клучните сектори“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ