„Имаме многу цврст став дека нема да обезбедиме помош или репатријација“, изјави Албаниз за Еј-би-си њуз.
„Ова се луѓе што отидоа во странство за да ја поддржат Исламска држава и отидоа таму за да ги поддржат оние што во суштина сакаат калифат.“
Група од 34 Австралијци, меѓу кои 11 жени и 23 деца, вчера го напуштија кампот во североисточна Сирија со намера да патуваат во Австралија преку Дамаск.
Еј-би-си објави дека тие биле вратени во притворниот центар поради „технички причини“.
Не е познато дали семејствата ќе се обидат повторно да патуваат во Австралија во наредните денови.






