„Месеците што претстојат можеби нема да бидат лесни. Сакам тоа отворено да го кажам. Ниту една влада не може да вети дека ќе ги отстрани притисоците што ги предизвикува оваа војна“, рече тој во ретко обраќање до нацијата.
Тој додаде дека владата ќе стори сè што може за да ги ублажи последиците. „Можам да ветам дека ќе сториме сè што можеме за да ја заштитиме Австралија од најлошите последици“, рече Албанис.
My Address to the Nation. pic.twitter.com/Iaqts9Rd4X
— Anthony Albanese (@AlboMP) April 1, 2026
Премиерот ги повика граѓаните да не купуваат гориво панично и да користат јавен превоз наместо автомобили секогаш кога е можно.
„Ако одите на патување, не земајте повеќе гориво отколку што ви треба – наполнете гориво како што би полнеле нормално. Мислете на другите во вашата заедница, особено во руралните области и во клучните сектори“, рече тој.






