петок, 12 декември 2025

Австралиски научници тврдат дека го нашле бродот на капетан Кук (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Кевин Сампшн, извршниот директор на Австралискиот национален поморски музеј, им кажа на новинарите дека експертите по повеќе од две децении потрага конечно го нашле славниот брод.

„Можеме дефинитивно да потврдиме дека станува збор за остатоците на Ендевор. Ова е важен момент. Тоа е веројатно едно од најважните пловила во нашата поморска историја“, кажа Сампшн.

[video:https://youtu.be/nBXou5c6aps autoplay:0]

Ендевор бил бродот на британскиот истражувач Џејмс Кук со кој пловел по Тихиот Океан меѓу 1768 и 1771 година. Со него ги открил подрачјата од светот кои на Европејците во тоа време им биле главно непознати, вклучувајќи делови од Австралија и Нов Зеланд.

Но, во 1775 година бродот веќе бил во доста лоша состојба и му бил продаден на приватен сопственик кој го преименувал во Лорд Сендвич. Британските сили го потопиле во 1778 година во пристаништето Њупорт на Роуд Ајленд. Научниците во последните 22 години ја истражуваат таа област и детално прегледуваат неколку потонати бродови на тој локалитет. Го споредувале нивниот изглед со плановите и димензиите на Ендевор и го анализирале потеклото на материјалите.

Сампш кажа дека мора уште да се сложат „последните делови на сложувалката“ пред да се добие официјална потврда за откривањето, но додаде дека тој, врз основа на „архивските и археолошките докази“, е уверен дека станува збор за Ендевор.

Меѓутоа, американски експерти не се толку оптимистични. Организацијата Проект на морската археологија на Роуд Ајленд (РИМАП) кажа дека станува збор за „избрзана“ изјава и „кршење на договорот“. Извршната директорка на РИМАП Кети Абас кажа дека тие се всушност водечката организација задолжена за ова истражување.

„Постојат многу неодговорени прашања кои би можеле да покажат дека станува збор за погрешна идентификација“, кажа Абас.

„РИМАП ја разбира поврзаноста меѓу австралиските граѓани со британско потекло и Ендевор, но ние планираме да ги темелиме нашите заклучоци на соодветни научни процеси, а не на австралиските емоции и политиката“, додаде таа.

Остатоците за кои Австралијците тврдат дека се на Ендевор лежат на само 500 метри од брегот. Се наоѓаат на 14 метри под површината, прекриени со речиси 250 години наслаги на седименти и кал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ