понеделник, 16 март 2026

Австралија и Јапонија не планираат да испраќаат бродови во Ормускиот теснец

Јапонија и Австралија изјавија дека нема да учествуваат во мисијата во Ормускиот теснец, која има за цел да обезбеди премин на трговски бродови низ стратешкиот воден пат.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јапонија нема непосредни планови за распоредување бродови за придружба на трговски бродови на Блискиот Исток, изјави премиерката Санае Такаичи во понеделник, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повика сојузниците да помогнат во придружбата на танкери низ Ормускиот теснец.

„Не донесовме никакви одлуки за испраќање придружба на бродовите. Продолжуваме да испитуваме што Јапонија може да направи самата и што може да се направи во опсег на законската рамка“, изјави Такаичи пред парламентот.

Апелот на Трамп во објава на социјалните мрежи до сојузниците на САД, вклучително и Јапонија, да помогнат во заштитата на пратките нафта и гас преку стратешкиот воден пат го става Токио во тешка позиција бидејќи неговиот устав, во кој се откажува од војна, го ограничува обемот на воени операции во странство што може да ги спроведе.

Соединетите Американски Држави сè уште не поднеле официјално барање за помош, рече Такаичи.

Австралија нема да испрати воени бродови за да помогне во повторното отворање на Ормускиот теснец, изјави во понеделник висок функционер.

„Нема да испратиме брод во Ормускиот теснец. Знаеме колку е тоа неверојатно важно, но тоа не е нешто што од нас е побарано да го направиме или нешто во што придонесуваме“, изјави Кетрин Кинг, членка на кабинетот на премиерот Антони Албаниз, во интервју за државната телевизија Еј-би-си.

Околу една петтина од глобалната нафта и течен природен гас вообичаено поминува низ Ормускиот теснец, кој е ефикасно затворен со недели откако започна американско-израелската војна против Иран на 28 февруари.

Волстрит џурнал објави во неделата дека администрацијата на Трамп планира да објави уште оваа недела дека неколку земји се согласиле да формираат коалиција за следење на бродовите низ Ормускиот теснец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ