недела, 29 март 2026

Авиони над Харков, сирени за тревога и во Полска (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Руски воени авиони се снимени како летаат над украинските градови.

Утрово Владимир Путин објави дека е почната специјална воена операција во Донбас, во источна Украина.

Тој ги предупреди другите земји дека секој обид за мешање во руската акција ќе доведе до „последици што никогаш не ги виделе“.

Ја повика и украинската армија да го остави оружјето.

Социјалните мрежи се преплавени од снимки и фотографии од експлозии низ цела Украина. Драматично е во Харков, кој го надлетуваат руски авиони.

Руски јуришен хеликоптер навлезе во украинскиот воздушен простор над Луганск.

Објавена е и снимка од руски хеликоптери над Белгород на пат кон Украина.

Ројтерс јавува дека сирени за тревога се слушаат во полскиот град Медика, кој се наоѓа на границата со Украина. Министерството за надворешни работи на Полска им наложи на своите граѓани да ја напуштат Украина.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ