понеделник, 8 декември 2025

Астразенека тврди дека нивната бустер доза го зголемува нивото на антитела против омикрон

Објавено на

часот

Сподели

Засилен одговор во смисла на производство на антитела е забележан кај луѓето кои претходно биле вакцинирани со вакцината или некоја мРНА вакцина, соопшти произведувачот на лекови, додавајќи дека овие податоци ќе им ги достави на регулаторите низ светот имајќи ја предвид итната потреба за бустери, пренесува Ројтерс.

Компанијата Астразенека ја разви вакцината со истражувачи на Универзитетот Оксфорд, а минатомесечните лабораториски студии покажале дека вакцината Ваксзеврија, која се состои од три дози, е ефикасна против новата варијанта која брзо се шири.

„Овие важни студии покажуваат дека трета доза на Ваксзеврија, по две почетни дози од истата вакцина, или по мРНА вакцина или инактивна вакцина, силно го крева имунитетот против ковид-19“, изјави шефот на Оксфордската група за вакцини Ендрју Полард.

Друго големо британско истражување во декември покажало дека инјекцијата на Астразенека го зголемува нивото на антитела кога се дава како бустер доза по почетната вакцинација со вакцината на Астразенека или на Фајзер, која е заснована на мРНА технологија.

Студијата заклучила дека мРНА вакцините кои ги направиле Фајзер и Модерна дале најголем поттик на антитела кога биле дадени како дополнителна доза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ