Асад се сретна со престолонаследникот на Абу Даби шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан кој истакна дека „Сирија е основен столб на арапската безбедност и дека ОАЕ сакаат да ја зајакнат соработката со неа“, извести ВАМ, државната новинска агенција на ОАЕ.
#VIDEO: #AbuDhabi Crown Prince Sheikh Mohammed bin Zayed receives #Syria‘s President Bashar Al-Assad in #UAE — WAM pic.twitter.com/Q7JL6il0gq
— Saudi Gazette (@Saudi_Gazette) March 18, 2022
Единствените патувања на Асад надвор од Сирија за време на војната беа во Иран и Русија, блиски сојузници чија воена поддршка му помогна да го смени текот против противниците поддржани од владите, вклучително и на заливските сојузници на САД. На видеото објавено од ВАМ се гледа како Асад се насмевнува додека стои покрај шеикот Мохамед пред сириското и емиратското знаме и гестикулира и се насмевнува за време на разговорот.
ВАМ известува дека двете страни ја истакнале важноста од „зачувување на територијалниот интегритет на Сирија и повлекување на странските сили“ од фрагментирана земја во која се присутни Русија, Иран, Турција и САД.
Тие разговараа за политичка и хуманитарна поддршка за Сирија и нејзиниот народ за постигнување мирно решение за сите предизвици со кои се соочува. Според ВАМ, шеикот Мохамед „изразил желба оваа посета да го отвори патот за мир и стабилност во Сирија и целиот регион“, и го придружувал Асад до аеродромот.
Асад се сретна и со владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, се вели во соопштението на сириското претседателство. Состаноците се продолжение на „дипломатската увертира“ кои укажуваат на промени на Блискиот исток, каде што неколку арапски земји ги оживуваат врските со Асад.
Penguasa Dubai sambut kunjungan resmi Presiden Suriah Bashar al-Assad hari ini https://t.co/Ytfje1NBiY
— Iqbal Kholidi (@Iqbal__Kholidi) March 19, 2022
Во врска со посетата на Асад на Обединетите Арапски Емирати, САД во соопштението наведоа дека се „длабоко разочарани и вознемирени од овој очигледен обид за легитимирање на Асад“.
„Ги повикуваме државите кои размислуваат на ангажман со режимот на Асад внимателно да ги одмерат ужасните злосторства што режимот ги изврши врз Сиријците во изминатата деценија, како и континуираните напори на режимот на голем дел од земјата да ѝ оневозможи пристап до хуманитарна помош и безбедност“, изјави портпаролот Нед Прајс.






