четврток, 19 март 2026

Арапските земји заеднички ги осудија „намерните ирански напади“

Арапските земји издадоа заедничка изјава во која ги осудуваат неодамнешните напади на Иран, по состанокот на министрите за надворешни работи што се одржа во Ријад.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот присуствуваа претставници од Бахреин, Кувајт, Либан, Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и други земји од регионот.

Во заедничката изјава се вели дека арапските држави остро ги осудуваат „намерните напади“ на Иран, за кои тврдат дека биле насочени кон станбени области, цивилна инфраструктура и дипломатски објекти. Ваквите постапки, истакнуваат тие, не можат да се оправдаат под никаков изговор.

Државите потписнички, исто така, го нагласуваат своето право на самоодбрана во согласност со член 51 од Повелбата на Обединетите нации.

Во соопштението се повикува Иран веднаш да ги прекине нападите, да го почитува меѓународното право и принципите на добрососедски односи и да се воздржи од мерки или закани насочени кон затворање на Ормускиот теснец.

Во исто време, арапските држави го осудија, како што наведуваат, израелскиот агресивен напад врз Либан и неговата, како што ја нарекуваат, експанзионистичка политика во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ