„Пандемијата на ковид-19 сега влегува во третата година и ние сме на клучна пресвртница“, изјави Гебрејесус на заедничката прес-конференција со германската министерка за здравство Свенја Шулце, пренесува Ројтерс.
Како што додаде, за завршување на акутната фаза на пандемијата е неопходно сите земји да работат заедно.
„Не можеме да ѝ дозволиме да продолжи да се одолговлекува и да се тетерави меѓу паника и занемарување“, порача шефот на СЗО.
Тој кажа и дека Германија станала најголем донатор на СЗО, но не наведе дополнителни детали.
Истовремено, германската министерка Шулце истакна дека главниот приоритет на Германија, која го презема претседавањето со Г7, е завршување на пандемијата низ светот, и повика на „масовно забрзување на глобалната кампања за вакцинација“ за тоа да се постигне.
Со овој настан во Женева почнуваат еднонеделните состаноци на извршниот одбор на СЗО на кои ќе се расправа за клучните аспекти на иднината на таа здравствена агенција на Обединетите нации, но и за вториот мандат на Гебрејесус на местото шеф на СЗО.






