петок, 3 април 2026

АП: Макрон и Ли Џе-мијонг подготвени на соработка за повторно отворање на Ормускиот теснец

Претседателите на Франција и Јужна Кореја, Емануел Макрон и Ли Џе-мијонг, се согласија заеднички да работат на повторно отворање на Ормускиот теснец и ублажување на глобалните економски неизвесности предизвикани од војната на Блискиот Исток.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Макрон, по состанокот во Сеул, ја истакна потребата од соработка меѓу двете земји со цел да се придонесе кон деескалација на тензиите на Блискиот Исток и да се обезбеди безбеден премин низ Ормускиот теснец, пренесува Асошиејтед прес (АП).

Ли наведе дека двајцата лидери ја потврдиле подготвеноста за соработка заради обезбедување безбедни поморски рути во Ормускиот теснец.

Детали за конкретните чекори не беа соопштени, а лидерите не одговараа на прашања од новинарите.

Ова е прва посета на Макрон на Јужна Кореја од неговото стапување на функцијата во 2017 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ