петок, 12 декември 2025

Антителата најдобро функционираат по зараза со ковид, вели израелска студија

Објавено на

часот

Сподели

Како што е најавено, резултатите од тоа истражување ќе бидат претставени на Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и заразни болести во април, пренесоа израелските медиуми.

Студијата, предводена од д-р Кармит Коен, би можела да објасни зошто претходно заразените пациенти се чини дека се подобро заштитени од нова инфекција со ковид-19 од оние што штотуку биле вакцинирани.

Бил анализиран имунолошкиот одговор кај 130 оздравени пациенти во текот на една година и спореден со 402 лица што биле имунизирани двапати со вакцината на Фајзер но никогаш немале ковид-19.

Утврдено е дека бројот на антителата еден месец по вакцинацијата бил поголем отколку кај оние што оздравеле од болеста.

Меѓутоа, тој број побрзо опаѓал во групата на вакцинираните.

Иако индексот на авидност (квалитетот на перформансите на антителата) првично е повисок кај вакцинираните отколку кај оние што оздравеле од ковид-19, тој не се менува значително кај вакцинираните, но постепено се зголемува кај оздравените пациенти.

Ова може да објасни зошто двојно вакцинираните луѓе што никогаш не биле заразени со ковид-19 имаат поголема веројатност да се разболат по половина година.

Студијата покажа и дека, спротивно на очекувањата, поголеми се антителата кај оздравените пациенти што спаѓаат на групата на дебели со индекс на телесна маса од 30 и повисоко во споредба со оние под 30 (со прекумерна до нормална тежина).

Дебелите луѓе што биле заразени претходно се подобро заштитени од нова инфекција.

Од сите оздравени пациенти, кај 42 (36 проценти) се јавил долг ковид, вклучувајќи го влијанието врз менталното здравје (пет проценти), невролошки (девет проценти), кардиоваскуларни (пет проценти) и респираторни (31 процент) симптоми.

Авторите на студијата заклучија дека „иако бројот на антителата со текот на времето се намалува и кај пациентите што оздравеле од ковид-19 и кај вакцинираните, квалитетот на антителата се зголемува по инфекцијата, а не по вакцинацијата“.

„Тие резултати даваат специфични карактеристики на имунолошкиот одговор што може да ги објаснат разликите во заштитата од ковид-19 кај претходно заразените и кај вакцинираните луѓе“, се заклучува во студијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ