понеделник, 15 декември 2025

Антимигрантски демонстрации одржани низ цела Полска

Денес низ цела Полска се одржаа антимигрантски протести под слоганот „Стоп на имиграцијата!“, организирани од десничарската политичка коалиција Конфедерација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По митинзите во 80 градови, следеа контрадемонстрации организирани од левичарски групи, објавува агенцијата ПАП.

Протестите собраа илјадници граѓани во Варшава, Катовице, Гдањск, Вроцлав и други градови, со пораки за запирање на „масовната нелегална имиграција“ и затворање на границите со соседните земји.

Еден од лидерите на Конфедерацијата, Кристофер Босак, зборуваше во Бјалисток, велејќи дека Полска мора да ги затвори своите граници со Литванија, Украина, Белорусија и Словачка за секој што се обидува да влезе нелегално.

Тој исто така побара на војниците да им се даде законско право да пукаат во оние што нелегално ја преминуваат границата.

„Без решителни мерки за депортации, зајакнување на граничната полиција и контрола на пазарот на трудот, безбедноста во земјата ќе се влошува“, рече Босак.

Пратеникот Премислав Виплер изјави во Варшава дека „Полска станува побогата и попривлечна“, поради што станува цел на нелегална миграција.

Во неколку градови беа регистрирани и контрадемонстрации организирани од левичарски и антирасистички здруженија.

Активистите се собраа во Варшава со пораките: „Фашизмот е злосторство, миграцијата не е злосторство“, „Правото на азил е човеково право“ и „Нема место за расизам во Полска“.

Протестите беа мирни на повеќето места, освен во Катовице, каде што беа регистрирани инциденти со екстремистички скандирања, пиротехнички средства и скршени шишиња во толпата.

Полска привремено ги врати граничните контроли со Германија и Литванија на почетокот на јули поради зголемениот притисок од мигрантите. Граничната полиција, армијата и специјалните сили во моментов ги контролираат возилата на повеќе од 60 гранични премини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ