вторник, 31 март 2026

Аналитичар: Русите имаа многу проблеми, но ситуацијата сега се менува

Објавено на

часот

Сподели

„Откако тргнаа кон главниот град, руските трупи беа оставени изложени, давајќи им можност на Украинците да ги нападнат и потиснат“, рече тој и додаде дека руските војници сега се повлекуваат на позиции што може полесно да се одбранат и дека се поконсолидирани, но дека ќе продолжат да користат артилерија за да спречат напад на тие позиции.

„Руските единици околу Киев веројатно нема да бидат испратени директно во Донбас бидејќи ќе бидат многу уморни“, вели тој. „Поради недостиг од логистика, кога дојдоа во Украина, Русите имаа многу проблеми во почетокот на инвазијата, но тоа сега се менува“, вели Ватлинг.

„Гледаме значителен напредок во руската команда и контрола и во нивната способност прецизно да ја координираат артилеријата со нивните единици. Се чини дека сфатиле како да се погрижат нивните луѓе да бидат соодветно опремени и снабдени“, заклучува тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ