Во текот на утрото, цената на суровата нафта од типот Брент надмина 115 долари за барел, што е највисоко ниво за повеќе од една недела, додека цените на бензинот се зголемија за околу 30 проценти. Зголемувањето доаѓа во време кога клучните објекти во регионот беа погодени од напади, а сообраќајот низ Ормускиот теснец е сериозно нарушен.
Џејмс Мидвеј, заменик директор на британскиот тинк-тенк Вердант, изјави за Ал Џезира дека не станува збор за краткорочен скок на цените.
Според него, пред неколку недели постоеше надеж дека централните банки како што се Банката на Англија, американскиот Фед и Европската централна банка ќе можат да го игнорираат порастот на цените, сметајќи на брзо завршување на конфликтот и стабилизирање на пазарите.
Сепак, ситуацијата во меѓувреме значително се промени. Покрај тешкотиите во сообраќајот низ Ормускиот теснец, сега има и сериозни прекини и големи шокови во производството на нафта и гас, особено гас, што дополнително ја намалува глобалната понуда.
Поради тоа, заклучува Мидвеј, сегашното зголемување на цените изгледа како долгорочен и значаен тренд, а не како привремена реакција на пазарот на краткорочна криза.






