Зборувајќи на церемонијата во Њујорк денес, еден ден пред почетокот на дискусиите на високо ниво на Генералното собрание на ОН, поранешната германска министерка за надворешни работи рече: „Денес, времињата повторно изгледаат мрачни“, објави агенцијата дпа.
Бербок ги истакна глобалните кризи, вклучувајќи го гладот во урнатините на Газа, војната во Украина, сексуалното насилство во Судан, насилството на бандите во Хаити и раширениот говор на омраза на интернет. „Денес не се работи за славење“, рече таа, туку за „пронаоѓање храброст повторно да се обединиме да пронајдеме надеж наместо рамнодушност“.
Генералниот секретар на ОН, Гутереш, исто така, зборуваше на настанот, истакнувајќи ги достигнувањата на организацијата, вклучувајќи го искоренувањето на сипаниците, обновувањето на озонската обвивка и, најважно, спречување на Третата светска војна.
Гутереш и Бербок признаа дека ОН се соочуваат со длабока криза поради подемот на националистичките идеологии низ светот и помалите финансиски придонеси од земјите-членки.






