Групата за човекови права со седиште во Лондон кажа дека сознанијата во извештајот на 211 страници се засновани на истражување и правни анализи за израелското запленување палестинска земја и сопственост, незаконски убиства, присилно преселување на луѓе и одземање државјанства.
Израел кажа дека во извештајот, втор за помалку од една година во кој АИ го обвинува Израел за спроведување на политика на апартхејд, „се зацврстуваат и рециклираат“ лагите на групата за ширење омраза и дека извештајот е осмислен да го „разгори огнот на антисемитизмот“.
Израел го обвини Амнести за примена на „двојни стандарди и демонизирање со цел делегитимизација на Израел“.
Извештајот предизвика пофалби на Палестинците.
Амнести соопшти дека Израел вовел систем на репресија и доминација над Палестинците „секаде каде што има контрола врз нивните права“, вклучувајќи ги арапските жители на Израел, Палестинците на териториите под израелска окупација и бегалците кои живеат во странство.
Мерките вклучуваат ограничувања на движењето на Палестинците на територијата окупирана во војната од 1967 година, недоволно вложувања во палестинските заедници во Израел и оневозможување на враќањето на палестинските бегалци.
Со присилните преселувања, мачења и незаконски убиства, за кои Амнести тврди дека целта им е одржување на системот на „репресија и доминација“, тие претставуваат „апартхејд, злосторство против човештвото“.
Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид во изјава кажа дека „Израел не е совршен, но дека е демократија која го почитува меѓународното право и е отворена за истражување“ со слобода на медиумите и силен врховен суд.
„Мразам да го користам аргументот дека Израел не е еврејска држава, никој во Амнести не бис е осмелил да се спротивстави, но во овој случај нема друга можност“, кажа тој.
Бесам ал Салхе, член на извршниот одбор на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), кажа дека „извештајот ја потврдува и поддржува долготрајната палестинска позиција кон природата на израелските окупациски мерки. Ја одразвува вистинската состојба на теренот“, истакна тој.
Амнести интернешнал бара Советот за безбедност на ОН да му наметне ембарго на оружје на Израел поради убиствата на бројни цивили за време на протестите на границата со појасот Газа во 2018-2019.
Израел тврди дека меѓу демонстрантите имало палестински милитанти кои се обидувале да ја пробијат граничната ограда.






