Затворскиот комплекс е израз на самоволието и неправдата во кој се мачат затворениците, кажа американскиот експерт на АИ Сумит Батачарја во Вашингтон.
Тој побара од Бајден да го затвори Гвантанамо, а оние кои биле вклучено во мачења или други незаконски активности да се изведат пред правдата.
Во затворот сега се наоѓаат 39 затвореници. Формиран е во времето на поранешниот претседател Џорџ В. Буш за во него да може да се затворат исламските терористи, без судење, по нападот на 11 септември 2001 година.
Наследникот на Буш, Барак Обама, сакаше да го затвори, но не успеа поради противењето во Конгресот, додека неговиот наследник Доналд Трамп сакаше Гвантанамо да остане отворен.
Бајден, кој беше потпретседател на Обама, се обидува да ги протурка плановите за затворање на затворскиот комплекс.
За да ги одбележи 20 години од отворањето на затворот, Амнести интернешнал вчера одржа протести во неколку земји.
Првите затвореници беа доведени во Гвантанамо, кој се наоѓа во американската воена база на територијата на Куба, на 11 јануари 2002 година.






