понеделник, 15 декември 2025

Амнести: Фармацевтските компании трагично потфрлија во пандемијата

Објавено на

часот

Сподели

Според Амнести, фармацевтските компании што продаваат вакцини против коронавирусот ја монополизирале технологијата, лобирале против споделување на интелектуалната сопственост, наплатувале високи цени на вакцините и му дале приоритет на снабдувањето на богатите земји во 2021 година.

Десетте милијарди дози вакцина произведени минатата година би биле повеќе од доволни за да се исполни глобалната цел за вакцинација од 40 отсто, поставена од Светската здравствена организација (СЗО) за крајот на минатата година. Само четири отсто од оние што живеат во земји со ниски приходи биле целосно вакцинирани до крајот на минатата година.

„Повеќе од 1,2 милијарди луѓе во земјите со низок и понизок приход ќе можеше да бидат вакцинирани до крајот на 2021 година доколку богатите земји и производителите на вакцини ги сфатеа сериозно своите обврски и одговорности за човековите права“, рече Рајат Косла, виш директор на Амнести интернешнел задолжен за истражување, лобирање и политика.

Месецов СЗО објави дека се потребни уште 16 милијарди долари за да им се помогне на сиромашните земји во борбата против пандемијата. Тоа е износот што недостига во планираните средства за снабдување на тие земји со вакцини, тестови и лекови преку програмата покрената од Обединетите нации, соопшти СЗО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ