Како што е соопштено, авиони Ц-17 „глоубмастер“ со околу 2.000 американски војници полетале во воената база Форт Брег во Северна Каролина.
Повеќето војници ќе бидат стационирани во Полска, а останатите ќе бидат привремено распоредени во Германија.
[video:https://youtu.be/CNIwkjqIpKw autoplay:0]Според постојаниот претставник на Русија во Европската Унија Владимир Чижов, префрлањето на американските трупи во Европа ги поттикнува „вжештените глави“ во Киев на насилно решавање на ситуацијата околу Донбас.
[video:https://youtu.be/0je3LHQjbxk autoplay:0]„Стратегиски гледано, префрлањето на неколку илјади американски трупи и други западни војници во тој регион не ја менува рамнотежата на силите. Меѓутоа, од политички аспект тоа е провокативна акција која ги поттикнува вжештените глави во Киев, какви во главниот град на Украина ги има многу, да продолжат со демонстрацијата на сила и напорите, како што тие велат, прашањето на Донбас да се реши со сила“, кажа Чижов за Си-ен-ен, истакнувајќи дека Москва е многу загрижена од таквите постапки.






