Резолуцијата на сенаторите, која нема сила на закон, беше усвоена едногласно и без приговори. „Овој Конгрес е обединет во поддршката на украинската независност и суверенитет“, рече сенаторот Роб Портман, презентирајќи ја резолуцијата заедно со демократската сенаторка Џина Шахин од Њу Хемпшир и други.
Сепак, сенаторите се воздржаа од усвојување закон со кој би се санкционирала Русија, придржувајќи се до стратегијата на Белата куќа за ублажување на кризата.
Сенаторите рекоа дека администрацијата на Бајден може сама да воведе санкции, без оглед на акцијата на Конгресот.
„Не е прашање дали, туку како ќе му одговориме на Путин“, рече Шахин.






