среда, 25 февруари 2026

Американскиот претставник Виткоф: Разговори меѓу американски и украински претставници утре во Женева

Американските и украинските претставници утре ќе одржат нова рунда разговори во Женева, изјави американскиот специјален претставник Стив Виткоф, пренесоа денеска француските медиуми.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Средбата доаѓа по претходната рунда разговори меѓу Украина, Русија и САД на 17 и 18 февруари во Женева, кои не доведоа до напредок во територијалните прашања или до прекин на огнот.

Виткоф рече дека ќе отпатува во Женева на 26 февруари со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп и копретседател на американската делегација, на разговори со Иран, потсетува Монд.

Покрај патувањето, планирана е средба со секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кирил Буданов, претходно изјави дека нова рунда разговори ќе се одржи на 26 и 27 февруари во Женева.

Кремљ сè уште не соопшти дали руските претставници ќе учествуваат во разговорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ