По разговорот со својот британски колега, Рубио, на социјалната мрежа Икс, најави дека ќе го одложи патувањето и ќе го посети Обединетото Кралство во наредните месеци.
Разговорите ќе продолжат, а во нив ќе учествува и пратеникот на претседателот Доналд Трамп во Украина, генералот Кит Келог, додаде тој.
Сепак, не е јасно дали неговото отсуство значи дека Трамп ги намалил очекувањата на Вашингтон од состанокот во Лондон, откако во неделата рече дека се надева оти Москва и Киев ќе постигнат договор оваа недела за ставање крај на конфликтот во Украина.
„Во овој момент, додека сè уште траат состаноците во Лондон, тој нема да биде присутен. Сепак, оваа изјава не се однесува на самите состаноци, туку на логистичките прашања во неговиот распоред“, изјави Брус за новинарите на редовниот брифинг. „Генералот Келог е таму и тој ќе учествува во разговорите“, додаде таа.
Одлуката уследи по предупредувањата дека САД ќе се повлечат од напорите за постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина доколку наскоро нема јасни знаци за напредок.