среда, 1 април 2026

Американскиот амбасадор: На БиХ ѝ треба стабилност и приближување кон НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Марфи, кој и претходно бил во дипломатска служба во БиХ, ја преземе должноста амбасадор на почетокот на март и веднаш како посредник во име на американската влада се вклучи во преговорите за измени на изборниот закон, заменувајќи го на таа позиција дотогашниот специјален претставник Метју Палмер.

„Се враќам во БиХ во време кое е најтешко во современата историја на оваа земја. На БиХ ѝ требаа функционални и одговорни институции, но и функционални и одговорни ентитети. Сега БиХ нема ништо од тоа“, кажа Марфи на својата прва прес-конференција.

Приоритет ќе му биде поддршката на Дејтонскиот договор, но пред сè на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата. Свесен е дека работата нема да му биде лесна бидејќи БиХ е комплицирана земја но во духот на прагматизмот планира да работи на наоѓање на најдобри решенија за постоечките проблеми.

Предупреди дека руската агресија на Украина го променила светот па и Балканот, а украинската војна, според него, е страшен потсетник и на војната во БиХ. „Местото на Босна и Херцеговина е во евроатлантската заедница на народите, а не со автократска Русија свртена кон минатото“, кажа американскиот амбасадор отворено заговарајќи „подлабоко партнерство на БиХ со НАТО“.

Членството на БиХ во НАТО упорно го блокираат босанските Срби, а Русија се закани дека „ќе одговори“ во случај на придружување на БиХ на западниот воен пакт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ