Моторниот брод „Сагита“ ѝ пркосеше на блокадата што претседателот Трамп ја воведе на санкционираните танкери, објави Американската јужна команда (Саутком) на платформата Икс.
САД се решени да „обезбедат единствената нафта што излегува од Венецуела да биде онаа што е правилно и законски координирана“, соопшти Саутком, додавајќи дека операцијата е спроведена „без инциденти“.
Through #OpSouthernSpear, the @DeptofWar is unwavering in its mission to crush illicit activity in the Western Hemisphere in partnership with @USCG, @DHSgov and @TheJusticeDept.
This morning, U.S. military forces, in support of the Department of Homeland Security, apprehended… pic.twitter.com/UPADtiw681
— U.S. Southern Command (@Southcom) January 20, 2026
Заплената е најновата во низата слични акции во последните недели откако Трамп објави „целосна и сеопфатна блокада на сите санкционирани танкери за нафта“ што патуваат до и од Венецуела. Тој ја обвинува јужноамериканската земја за кражба на нафта, земјиште и други средства од САД и изјави дека сето тоа мора да биде вратено.
Американските сили значително го зголемија своето присуство во Карипското Море. Во последните месеци, дополнителни борбени авиони и најголемиот носач на авиони во светот, УСС Џералд Р. Форд, беа распоредени во регионот.
На 3 јануари, американските сили го соборија и го заробија венецуелскиот авторитарен лидер Николас Мадуро во воена операција во Каракас и го префрлија во САД. Тој е обвинет во Њујорк за кривични дела поврзани со дрога.
Трамп јасно стави до знаење дека САД имаат намера да ја преземат контролата врз трговијата со венецуелска нафта како средство за вршење притисок врз владата во Каракас.






