вторник, 23 декември 2025

Американски сенатор: Трамп ќе воведе 100% царини за земјите што купуваат руска нафта (ВИДЕО)

Американскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе царини за земјите што купуваат руска нафта, вклучувајќи ги Кина, Индија и Бразил.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трите земји купуваат околу 80% од руската нафта по намалени цени, што, според Греам, ја финансира руската воена машинерија.

„Путин, твој ред е. Доналд Трамп ќе те среди. Ќе воведе царини за оние што купуваат руска нафта – Кина, Индија и Бразил“, изјави Греам за Фокс њуз. „Овие земји ќе мора да изберат помеѓу Путин и американската економија“, додаде Греам.

Републиканскиот сенатор истакна дека плановите на Трамп би можеле да вклучуваат царини и до 100% за земјите што продолжуваат да соработуваат со Русија, доколку Москва не одговори на ултиматумот во врска со војната во Украина во рок од 50 дена. Тој го спореди потегот со претходниот притисок на САД врз Иран.

Изјавата на Греам доаѓа откако Трамп постави остар рок за Русија, а предлогот за нов пакет санкции против Москва веќе доби широка поддршка во Претставничкиот дом на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ