недела, 29 март 2026

Американски разузнавачи: Русите ќе го заземат Киев за помалку од 96 часа

Објавено на

часот

Сподели

Функционерите, кои побарале да останат анонимни, кажале дека фокусот на Москва ќе биде да ги опколи украинските сили. Очекуваат Киев да биде заземен во рок од 96 часа, а потоа и Украина за околу една недела.

„Војската можеби ќе издржи некој ден повеќе, но и таа нема многу шанси“, кажа еден извор додавајќи дека Русите наскоро ќе преминат на посеопфатно копнено дејствување. Извор близок на владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој исто така бараше да остане неименуван, се сложил со проценката на САД дека Киев би можел да биде опколен во рок од 96 часа.

Михајло Подољак, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, кажа:

„Кабинетот на претседателот на Украина верува дека Руската Федерација има две цели – заземање на територии и напад на легитимното политичко водство на Украина за да се шири хаос и да се инсталира марионетска влада која би потпишала мировен договор за билатералните односи со Русија.

Непријателот се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во големите градови, особено во Харков и Киев. Постои веројатно руските оружени сили да ги заземат владините квартови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ