Ескалацијата доаѓа во време кога војната практично го затвори Ормускиот теснец, клучна точка за глобалниот транспорт на нафта и течен природен гас. Блокадата ги спречува танкерите да пловат веќе подолго од една недела, а производителите се принудени да престанат со пумпање бидејќи складиштата се полни, објави Ројтерс.
„Централната команда на САД и денес продолжува да ги лови и гаѓа бродовите за поставување на мини, како и складиштата на мини“, изјави за новинарите генералот Ден Кејн, началник на Здружениот штаб.
https://t.co/PiqQpVIrMu pic.twitter.com/Wc1e0B0um7
— Department of War 🇺🇸 (@DeptofWar) March 4, 2026
Кејн додаде дека во првите 10 дена од кампањата против Иран, САД потонале или уништиле повеќе од 50 ирански воени бродови.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани во понеделник дека ќе ја ескалира војната со Иран ако ги блокира испораките на нафта од Блискиот Исток, иако предвиде и брз крај на конфликтот.






