четврток, 11 декември 2025

Американски генерал: Не правиме база во Албанија поради Русите во Ниш

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна и дека американските сили имаат одлично партнерство со албанските сили за специјални операции.

Табор додаде дека еден од клучните фактори е исклучителната поддршка од албанската влада и албанскиот народ и негираше дека руската база во Ниш, во Србија, била мотивот за формирање на Командата за специјални операции на САД.

„Знаеме што прават некои земји, но тоа не е она што нè мотивира. Она што навистина нè мотивира е обуката со нашите сојузници и партнери за да изградиме уште поголеми капацитети. За нас не е толку важно што прават другите земји. Нам ни е битно она што ги интересира нашите сојузници. Така што ќе продолжиме да ги јакнеме овие односи секогаш и секаде каде што можеме“, кажа Табор.

Според Табор, командата која се формира во Албанија е команден центар за специјални операции на САД во Европа и нема да има соработка со други сојузнички земји, освен со Албанија, ако постои обостран интерес.

Според него, тоа ќе биде релативно мала воена база, со 10 до 15 луѓе, за која се очекува дека ќе биде поддршка на посветеноста на САД не само во Албанија, туку и во регионот.

„Важно е да се истакне дека ова е регионална команда која ќе служи за ангажирање на нашите сили со многу сојузници и партнери низ регионот. Ова ќе биде команда за поддршка на операциите и контролата на американските сили ангажирани низ регионот“, кажа американскиот генерал.

Изборот на Албанија за американската команда го искоментира и поранешниот генерал на НАТО и поранешен командант на КФОР Ерхард Билер.

Тој за Дојче веле кажа дека отворањето на базата во Албанија се случува затоа што таа е вреден партнер на НАТО.

„Албанија 13 години е вреден партнер на НАТО. Нормално, постои интерес да се продолжи со поддршката на албанските оружени сили и обучувањето на нивните вештини. Второ, важно е да се помогне во обуката на другите земји на НАТО во регионот – Хрватска, Македонија, Црна Гора и Словенија“, кажа Билер.

Европската команда на САД на 14 јануари објави дека воспоставува нов штаб на Балканот – единица за специјални операции со седиште во Албанија, како дел од заедничките напори на американската влада да го зголеми влијанието на Западот и да обезбеди стабилност во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ