петок, 12 декември 2025

Американската војска стигна на Балканот

Објавено на

часот

Сподели

Динчу на новинарите им кажа дека првите 100 американски војници се во Романија и дека се бават со логистика, пренесува Ројтерс.

„Стигнаа Американците. Повеќе од 100 специјализирани американски војници заедно со нашите специјалисти за логистика се подготвуваат, што значи дека нема да помине многу време пред да дојдат остатокот од трупите“, кажа романскиот министер.

Соединетите Американски Држави испраќаат 3.000 дополнителни војници во Полска и Романија за, како што тврдат, да ја заштитат Источна Европа од потенцијално прелевање на украинската криза.

Пентагон соопшти дека ќе ја премести ескадрилата Страјкер од околу 1.000 американски војници од Вилсек во Германија во Романија.

Американските трупи почнаа да пристигнуваат во Полска уште во саботата.

САД во моментов имаат околу 900 војници во Романија, која е членка на НАТО од 2004 година и на нејзина територија има американски ракетен систем со балистички проектили.

И Франција најави дека планира да испрати трупи во Романија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ