Јужната воена команда на САД вчера на социјалните мрежи соопшти дека „бродот минувал по позната рута за трговија со дрога во источниот Пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога“. Како што е соопштено, во нападот загинале три лица.
Соопштението беше придружено со видео кое го прикажува моментот кога бродот експлодира.
BREAKING: The U.S. military struck another boat in the eastern Pacific, killing three men on board.
That brings the death toll to 148 since early September, when the Trump administration began targeting what it calls “narcoterrorists” in small vessels.pic.twitter.com/fwkBHA3stI
— Republicans against Trump (@RpsAgainstTrump) February 21, 2026
Со вчерашниот напад, бројот на загинати во нападите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп на бродови кои наводно превезуваат дрога се зголеми на најмалку 148 лица. Станува збор за најмалку 43 напади извршени од почетокот на септември минатата година во Карипското Море и во Пацификот.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата земја е во „вооружен конфликт“ со картелите во Латинска Америка и ги оправда нападите, наведувајќи дека нивната цел е да го спречат протокот на дрога. Неговата администрација обезбеди малку докази за тврдењата дека се убиени „нарко-терористи“, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.
Критичарите ја доведуваат во прашање легалноста на рациите, како и нивната ефикасност, делумно затоа што фентанилот, одговорен за многу смртоносни предозирања, се шверцува во Соединетите Држави најчесто доаѓа по копнен пат од Мексико, каде што се произведува со хемикалии увезени од Кина и Индија.
Нападите врз бродовите предизвикаа жестоки критики по првиот таков напад и откритието дека веднаш потоа бил извршен втор напад врз истиот брод, бидејќи се сомневало дека екипажот и патниците преживеале. Администрацијата на Трамп и многу републикански пратеници велат дека вториот напад бил легален и неопходен, додека демократите и правните експерти велат дека тој дури претставува воено злосторство.






