Тој со фрегата на норвешката воена морнарица ќе се вкотви денес во Сплит, јави американската амбасада во Загреб.
„Тоа е возбудлива прилика за екипажите на двата брода да ги запознаат жителите на Хрватска и да ги доживеат нејзината историја и природни убавини“, кажа контраадмиралот Курт Реншо, командантот на Осмата ударна група на носачот.
„Неодамна со нашата сојузничка Хрватска, во рамки на НАТО, учествуваме во вежбата Нептун страјк 22 и се радуваме на времето што ќе го поминеме со нашите домаќини“, кажа тој.
„Оваа посета на сплитското пристаниште ќе биде клучна за демонстрација на нашата решителност со американските партнери и сојузници на Јадранот“, кажа капетанот Гавин Даф, командантот на носачот на авиони Хари С. Труман.
Американскиот носач Хари С. Труман е во служба од 1996 година и е еден од носачите на авиони од класата „Нимиц“, најголемите носачи во светот, со големина колку три фудбалски стадиони.
Долг е над 300 метри и широк над 40. Го придвижуваат два нуклеарни реактори кои овозможуваат брзина од над 30 јазли. Без повторно полнење може да плови три милиони милји, речиси 25 години.
[video:https://youtu.be/LQDCZNewD3s autoplay:0] [video:https://youtu.be/RkuAr9dPeck autoplay:0]





