Максар технолоџис, која со недели го следи распоредувањето на руските сили на украинската граница, рече дека на сликите направени во неделата и понеделникот се забележува зголемена воена активност во регионите. Ројтерс не можел независно да ги потврди сликите.
Максар укажа дека имало неколку големи распоредувања на војници и јуришни хеликоптери, како и ново распоредување копнени авиони и борбени бомбардери.
На сликите, исто така, се забележува заминување на неколку единици на копнените сили од постоечките гарнизони со други борбени единици забележани во формацијата на конвојот, рече Максар.
Дописникот на Базфид за Источна Европа Кристофер Милер исто така сподели неколку слики за кои рече дека го покажуваат „континуираниот раст на руските воени сили во последните 48 часа“.
New Russian helicopter unit and troops in Belgorod, Russia. Feb. 13. ? @Maxar pic.twitter.com/FB7f84n0TS
— Christopher Miller (@ChristopherJM) February 15, 2022
Во меѓувреме, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека повлекува дел војници од границата со Украина, а малку подоцна објави и снимки.






