вторник, 9 декември 2025

Американците испратија „смртоносно оружје“ во Украина, велат дека ова е само прва пратка

Објавено на

часот

Сподели

Испораката следи по посетата на американскиот државен секретар Антони Блинкен на Киев оваа недела поради загриженоста на Киев и неговите западни сојузници поради десетиците илјади руски војници на границата со Украина. Русија негира дека планира нова воена офанзива.

Пакетот помош од 200 милиони долари беше одобрен од Вашингтон во декември. „САД ќе продолжат да обезбедуваат таква помош за поддршка на украинските вооружени сили во постојаните напори да го одбранат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина од руската агресија“, стои на Фејсбук.

Во соопштението се наведува дека пратката содржи „смртоносна безбедносна помош и муниција наменета за украинските бранители“. Украинскиот министер за одбрана им се заблагодари на САД за помошта.

„Како што претседателот Бајден му кажа на претседателот Путин, во случај на руска инвазија на Украина, Америка ќе ѝ пружи помош на Украина и ќе ѝ испрати уште повеќе одбранбени средства“, се вели во соопштението на американската амбасада во Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера на твит напиша дека му е благодарен на американскиот претседател Џо Бајден за „досега невидената“ дипломатска и воена помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ