сабота, 28 февруари 2026

Американците објавија видео од нападот врз Иран: Прв пат користено ново оружје (ВИДЕО)

Централната команда на САД (Центком) објави видеа од денешните американски напади врз Иран.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На снимката се гледаат ракети лансирани од воен брод, полетување на борбени авиони од носач на авиони, како и напади врз ирански имот, вклучително и дрон на земја.

„Како што изјави претседателот, нашата цел е да го заштитиме американскиот народ со елиминирање на непосредните закани што произлегуваат од иранскиот режим. Претседателот нареди решителна акција. Силите на Центком извршуваат моќен и непрекинат напад“, се вели во соопштението на Центком.

За време на нападите врз Иран во саботата, американската војска за прв пат употреби еднонасочни дронови за напад во борбени операции.

„Првите часови на операцијата вклучувале прецизно оружје лансирано од воздух, копно и од море. Дополнително, единицата за напад Скорпион Страјк првпат во борба користела евтини еднонасочни дронови за напад“, се наведува во соопштението на Американската централна команда.

Работната група Скорпион Страјк, единица за еднонасочен напад со беспилотни летала формирана од Центком минатата година, користи дронови создадени откако американски експерти извршиле обратен инженеринг на иранскиот дрон „шахед“ што САД го запленија пред неколку години.

Штетата врз американските инсталации беше минимална и не влијаеше врз операциите, според Американската централна команда.

Центком соопшти дека воената операција, наречена „Операција Епски бес“, започнала во саботата со цел „демонтирање на безбедносниот апарат на иранскиот режим, со приоритет на напаѓање локации што претставуваат непосредна закана“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ