понеделник, 8 декември 2025

Америка сè уште го истражува мистериозниот Хавански синдром, заболеле 200 луѓе во амбасадите

Објавено на

часот

Сподели

Блинкен кажа дека целата сојузна влада работи на тоа да се разјасни што ја предизвикува таа болест од која заболеа речиси 200 американски дипломати, службеници и членови на нивните семејства во странство. „До денес не знаеме што се случило и не знаеме точно кој е одговорен“, кажа Блинкен во интервју за Ем-ес-ен-би-си.

Волстрит џурнал денес објави дека се разболеле службеници во американските дипломатски мисии во Париз и Женева, каде САД и Русија во понеделникот одржаа безбедносни разговори за ситуацијата во врска со Украина.

Блинкен кажа дека САД им го спомнале прашањето со болеста на Русите, но сè уште не може да каже кој е одговорен.

Таинствената болест предизвикува симптоми како мигрена, мачнина, губење на памтењето и вртоглавица. За првпат е забележана кај американски дипломати во Хавана во 2016 година.

Блинкен кажа дека се сретнал со функционери на Стејт департментот од целиот свет кои му ја опишале болеста и како се одразила врз нивните животи. „Не се сомневам дека тие луѓе биле директно и силно погодени“, кажа тој.

„Работиме максимално во целата влада за да се разјасни што се случило, кој е одговорен. И да ги згрижиме оние кои се погодени и да ги заштитиме сите наши луѓе колку што можеме“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ