„Спремни сме да потврдиме: САД ја информираа амбасадата на Русија дека го протеруваме советникот-дипломат. Тоа е директен одговор на неиспровоцираното протерување на заменик шефот на нашата мисија од страна на Русија, кој има две недели за заминување иако не го заврши тригодишниот мандат“, кажа висок дипломат на Стејт департментот.
Како што се наведува, во донесувањето на одлуката се воделе по принципите на „паритет и праведност“.
Одлуката за протерувањето на Горман беше соопштена на 17 февруари.






