недела, 1 февруари 2026

Америка ги повлекува војниците кои ги обучуваат украинските сили

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за одбрана на САД во саботата објави дека повлекува 160 припадници на својата Национална гарда од Украина и ги преместува на друга локација во Европа.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека одлуката е донесена „од претпазливост“, пренесува Ројтерс. „Прераспоредувањето не значи промена во нашата решеност да ги поддржиме украинските вооружени сили, туку флексибилност во поддршката на сојузниците и одвраќање на агресијата“, рече Кирби во писмената изјава.

Тој не прецизираше на која локација во Европа ќе бидат префрлени припадниците на Националната гарда. Од 2015 година, резервните сили на Националната гарда на САД ги обучуваат украинските војници во ротација заедно со војници од други земји, пред се од Канада и Германија.

Сè уште не е јасно што ќе се случи со помалиот број припадници на американските специјални сили, пишува Ројтерс, повикувајќи се на зборовите на американскиот функционер кој сакал да остане анонимен. Ројтерс во петокот објави дека Пентагон испраќа 3.000 дополнителни војници во Полска додека Русите одржуваат воени вежби во соседна Белорусија и Црното Море.

Припадниците на Националната гарда на САД се во Украина од ноември минатата година. Пентагон, исто така, соопшти дека нивниот министер за одбрана Лојд Остин имал телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Шојгу во саботата разговарал за натрупувањето руски војници на границата со Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ