вторник, 31 март 2026

Амбасадорот на Русија во БиХ: Од каде знаете дека немаме планови за Хрватска? (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Нам не ни смета ако влезете во НАТО. Не е закана, можеби е предупредување. Одлучете си самите. Тоа е како маѓепсан круг, веќе кажав… Да претпоставиме, на пример, дека БиХ станала членка на НАТО и Брисел одлучи да постави нуклеарни ракети насочени кон Москва. Ние ќе ја проценуваме стратегиската ситуација и затоа мислам дека излезот мора да биде европски одбранбен систем, а не НАТО“, кажа Калабухов.

На прашањето „зошто на Русија не ѝ пречат“ околните и соседните земји кои веќе се дел од НАТО, тој одговори: „Од каде вие знаете дека ние немаме планови против Хрватска, Унгарија, Полска?“

Што се однесува до плановите против Хрватска, Калабухов истакна дека имаат планови против НАТО.

„Против НАТО. Имаме планови против НАТО. Ја проценуваме геостратегиската ситуација, гледаме од каде доаѓаат заканите и реагираме“, кажа Калабухов за босанската телевизија Фејс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ