недела, 11 јануари 2026

Алепо под опсада: Уапсени членови на СДФ (ВИДЕО)

Сириската армија денес објави дека целосно го завршила безбедносното пребарување во населбата Шеик Максуд во Алепо, на северот од земјата, истовремено уапсила неколку членови на Сириските демократски сили (СДФ).

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според сириската новинска агенција Сана, повикувајќи се на воен извор, во таа населба биле уапсени голем број членови на СДФ, а запленето е тешко и средно оружје, како и големи количини муниција, лесно оружје и импровизирани експлозивни направи.

Во соопштението на војската се апелира до жителите на населбата Шеик Максуд да останат во своите домови поради, како што се наведува, криење на припадници на Сириските демократски сили (СДФ) и Работничката партија на Курдистан (ПКК), пренесува Ал Џезира.

Портпаролот на сириското Министерство за верски прашања, Ахмед Халак, објави дека министерството презело итни мерки за помош на раселените лица во Алепо.

Во објава на социјалната мрежа Икс, тој изјави дека Дирекцијата за верски прашања во Алепо, во соработка со надлежните институции, отворила повеќе од 20 џамии и ги подготвила да примат повеќе од 400 раселени семејства, обезбедувајќи им сместување и основни животни потреби.

Американскиот пратеник за Сирија, Том Барак, изјави дека разговарал со јорданскиот министер за надворешни работи, Ајман Сафади, за најновите случувања во Сирија.

Барак изјави дека за време на разговорите била потврдена посветеноста на поддршката на напорите за прекин на огнот во Алепо и обезбедување мирно повлекување на силите на СДФ, како и продолжување на спроведувањето на мапата на патот за завршување на кризата во покраината Свеида, во јужна Сирија, со цел да се постигне стабилност.

Сириската армија претходно соопшти дека ќе започне безбедносна операција за расчистување на курдските сили од населбата Шеик Максуд во Алепо, откако курдските групи го отфрлија барањето на сириската влада нивните борци да се повлечат од областа.

Официјалните лица изјавија дека армијата насилно ќе ја исчисти населбата Шеик Максуд, дел од Алепо што го држат курдските сили, откако прекинот на огнот во Алепо пропадна. Судирите се случуваат во контекст на застој во политичките преговори меѓу Дамаск и СДФ, кои го контролираат североисточниот дел од земјата и претходно потпишаа договор за спојување со сириската армија во март 2025 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ