Апсењата се извршени по претреси на 18 локации, претежно во Брисел, се додава во соопштението, пренесува Ројтерс.
Во јули 2025 година, бриселската полиција го информираше јавното обвинителство за заговор насочен кон атентат врз главниот обвинител во Брисел.
Како што изјави обвинителот, главните осомничени во заговорот имаат криминални досиеја поврзани со трговија со дрога и се активни во рамките на албанската криминална мафија.
Брисел во последните години е потресен од насилството поврзано со банди на дилери на дрога, официјални лица наведуваат дека повеќе од 100 најопасни европски криминални мрежи дејствуваат во Белгија, потсетува Ројтерс.
Во февруари годинава, властите беа принудени да затворат неколку метро станици во главниот град додека траеше потерата по двајца осомничени по престрелка поврзана со дилери на дрога.






