Албанското Министерство за одбрана наведува дека „џавелин“ е еден од најнапредните одбранбени системи што ги користат земјите-членки на НАТО. Според соопштението, министерот за одбрана Пиро Венгу изјавил дека пристигнувањето на овој систем е „резултат на тесната соработка со нашиот стратешки сојузник, Соединетите Американски Држави“.
Според Венгу, опремувањето на албанските вооружени сили со системот „џавелин“ претставува важен чекор во зголемувањето на одбранбените капацитети на земјата и во исполнувањето на целите на воената модернизација.
„Пристигнувањето на системот „џавелин“, благодарение на соработката со нашиот стратешки сојузник, Соединетите Американски Држави, ги зајакнува одбранбените капацитети на албанските вооружени сили, го зголемува одвраќањето, интероперабилноста со НАТО и националната безбедност“, рече тој.
View this post on Instagram
Во соопштението се нагласува дека „џавелин“ се смета за клучен елемент за копнената одбрана и дека значително ја зголемува способноста на албанските копнени сили да се соочат со напредни закани и да работат во согласност со стандардите на Алијансата.
„Албанија го нарача системот „џавелин“ како дел од програмата за воена соработка со Соединетите Американски Држави, преку механизми за продажба на воена опрема во странство. Оваа инвестиција е дел од долгорочна стратегија за модернизација на вооружените сили, зголемување на одвраќањето и целосно усогласување со капацитетите и доктрината на НАТО“, се додава во соопштението.
Исто така се нагласува дека противоклопниот ракетен систем „џавелин“ е од најновата генерација. „Системот е многу ефикасен против оклопни возила и е широко користен од војските на НАТО“, рече тој.






