четврток, 5 февруари 2026

Албанија ја укина забраната за Тикток

Албанија ја укина привремената едногодишна забрана за платформата Тикток, објавија локалните медиуми во четврток, објави агенцијата Анадолу.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Албанскиот Совет на министри ја поддржа одлуката за укинување на привремената мерка со која се ограничува пристапот до Тикток на територијата на земјата, наведувајќи дека „прашањата во областа на јавната и социјалната безбедност во дигиталната средина веќе се решени“, објавија локалните медиуми.

Одлуката, потпишана во вторник, му наложува на Националниот орган за сајбер безбедност да ја суспендира примената на претходно воведените технички мерки, што ќе овозможи целосен пристап до платформата.

Албанија го забрани пристапот до Тикток во март 2023 година по трагичното убиство на 14-годишниот Мартин Цани во близина на училиштето „Фан Ноли“ од негов врсник. Цани беше избоден пред училиштето по повеќедневна кавга меѓу две групи што ескалираше преку социјалните мрежи.

Еден месец подоцна, владата одлучи да го забрани Тикток. Таткото на момчето и Тикток тврдат дека Мартин не ја користел платформата.

„Социјалните мрежи, особено Тикток и Снепчет, секојдневно ги вовлекуваат нашите деца во своите лавиринти уште од мали нозе“, изјави албанскиот премиер Еди Рама во по убиството во Тирана.

Одлуката за укинување на забраната за Тикток ќе стапи на сила откако ќе биде објавена во „Службен весник“, по што албанските граѓани повторно ќе можат да ја користат платформата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ