Доколку администрацијата на претседателот Трамп го одобри овој потег, тоа значително би го зголемило бројот на американски борбени трупи во регионот и се смета за уште еден знак за сериозни подготовки за можна копнена операција во Иран, објави Аксиос.
Размислувањето за масовно зголемување на бројот на војници доаѓа во време кога претседателот Трамп вели дека САД преговараат со Иран за договор за прекин на конфликтот. Од друга страна, иранските функционери сè уште не се согласиле на состанок на високо ниво и се сомневаат дека дипломатскиот притисок на САД е само уште еден трик.
Американски функционер за одбрана очекува одлуката да биде донесена следната недела, додавајќи дека војниците би биле од различни борбени единици од оние што веќе се распоредени во регионот. Веста дека администрацијата на Трамп размислува да испрати засилување првпат ја објави Волстрит џурнал.
Во позадина на овие случувања, Пентагон развива воени опции за „конечен удар“ врз Иран, што би можеле да вклучуваат употреба на копнени сили и кампања за бомбардирање од големи размери, претходно објави „Аксиос“. Иако Трамп сè уште не донел одлука дали да продолжи со некое од овие сценарија, извори велат дека е подготвен на ескалација доколку разговорите со Иран наскоро не дадат опипливи резултати.
Се очекува дополнителни засилувања, вклучувајќи неколку ескадрили борбени авиони и илјадници војници, да пристигнат на Блискиот Исток во наредните денови и недели.
Една експедициска единица на маринци пристигнува оваа недела, додека друга моментално се распоредува. Покрај тоа, командниот елемент на 82-та воздушно-десантна дивизија доби наредба да се распореди на Блискиот Исток, заедно со пешадиска бригада од неколку илјади војници.






