недела, 15 март 2026

Ајкула уби пливач – нападот се случил за неколку секунди (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Според локалните медиуми, ова е прв смртоносен напад на ајкула во околината на Сиднеј од 1963 година.

Плажата Литл Беј е затворена, наведе полицијата.

„Служебниците од придружната команда на полициската област околу источните плажи, со помош на Командата на поморската област и Сурф лајф сејвинг, присуствуваа и лоцираа човечки останки во водата“, се вели во соопштението.

Полицијата не даде повеќе информации за идентитетот на убиениот.

Портпаролката на брзата помош на Нов Јужен Велс изјави дека „за жал, пациентот имал катастрофални повреди и дека болничарите не можеле ништо да направат“.

Огромна бела ајкула нападна и уби маж во Австралија пред шокираните набљудувачи кои го снимиле нападот додека се слушале морничави вресоци. Според нив, ајкулата била долга четири метри, а во неколку потези го распарчила човекот.

Службите за итни случаи се упатиле кон Бјукен поинт во близина на плажата Литл Беј во Сиднеј, откако добиле пријава за напад на ајкула.

Набргу потоа во водата биле пронајдени останки на пливач.

На социјалните мрежи кружи застрашувачка снимка од местото на настанот каде што се гледаат локални рибари како во ужас го гледаат капачот кого го напаѓа ајкула. Очевидци посведочиле дека ајкулата проголтала делови од телото на пливачот, откако го раскинала на половина, пренесува Дејли Мејл.

На грозоморната сцена присуствувале бројни сведоци кои ги слушнале вресоците на несреќниот маж, што предизвикало паника на брегот.

„Некој штотуку го изеде ајкула. О човече, ова е лудо! Тоа е голема бела ајкула”, вели еден рибар кој се слуша на снимката.

„Слушнав крик и ајкулата го гризна, а телото беше веднаш до карпите овде. Таа се врати и проголта делови од телото, а потоа исчезна“, додава тој.

На местото на настанот излегле четири екипи на брза помош и еден хеликоптер за спасување со лекар за интензивна нега и болничар.

„Кога стигнавме на местото на настанот, заклучивме дека нападнатиот пливач се здобил со катастрофални повреди. За жал, ништо не можевме да направиме за него“, изјави портпаролката на брзата помош во Сиднеј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ