сабота, 28 февруари 2026

Агенцијата на ОН за нуклеарна енергија: Нема радиолошко влијание од американските и израелските напади врз Иран

Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за атомска енергија (МААЕ) денес соопшти дека не забележала радиолошко влијание од американските и израелските напади врз Иран, иако не наведе дали цел на нападите биле нуклеарни постројки во таа земја.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„МААЕ внимателно ги следи случувањата на Блискиот Исток и повикува на воздржаност за да се избегнат какви било ризици за нуклеарната безбедност на луѓето во регионот“, се вели во соопштението на агенцијата на Икс, пренесува Ројтерс.

Агенцијата додаде дека е „во постојан контакт со земјите во регионот и досега нема докази за какво било радиолошко влијание“.

Соединетите Американски Држави и Израел утрово го нападнаа Иран, на што иранската паравоена Револуционерна гарда одговори со напад со ракети кон Израел, како и кон други земји во регионот, како Кувајт и Бахреин.

МААЕ вчера соопшти дека Иран не ѝ дозволил пристап до своите нуклеарни постројки кои беа оштетени во израелските и американските напади во јуни минатата година и дека „не може да потврди дали Иран ги запрел сите активности за збогатување на ураниум, ниту пак големината на залихите на ураниум на Иран во погодените нуклеарни постројки“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ